Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ИМА ИСЧЕЗНАТИ: Oбилни дождови ја погодија Швајцарија

(ВИДЕО) ИМА ИСЧЕЗНАТИ: Oбилни дождови ја погодија Швајцарија

Обилните дождови во Швајцарија доведоа до лизгање на земјиштето, a oсум лица се водат како исчезнати. 

Неколку луѓе се водат како исчезнати во кантонот Тичино на југоисточниот дел на земјата.

„Големата бура предизвика лизгање на земјиштето во регионот Фонтана, а луѓето се водат за исчезнати“, соопшти полицијата во соопштението за печатот, без дополнителни детали.

Повикот за евакуација на куќите во близина на реката Меги е упатен рано утринава до жителите на Прато-Сорница и долината Магија, каде што се трага по исчезнатите лица.

Патиштата се отсечени, а камповите лоцирани покрај реката се евакуирани. Водата го однела мостот и бил блокиран кантоналниот пат.

Струјата е прекината во делови од регионот, а дел од кантонот остана без вода за пиење.

Пред неколку дена имаше невреме и во Србија, каде гром предизвика пожари, а едно лице загина од удар на гром во Прокупље. 


Слично

Поврзани вести