Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Има 101 година, родила шест деца и открива кој е рецепт за долг живот

(ВИДЕО) Има 101 година, родила шест деца и открива кој е рецепт за долг живот

Мери Флип од Аризона го прослави својот 101 роденден и вели дека рецептот за долговечност е тоа што пиела текила. 

Таа ја преживеала Втората светска војна и времињата што сменија 18 американски претседатели. Била многу млада кога ја загубила мајка си.

Имала само 15 години кога останала сама. По полнолетството се преселила во Мексико, каде што се омажила, основала семејство и живеела на ранч. По првото породување се вратила во САД и родила шест деца. Отсекогаш ја обожавала уметноста, се занимавала со неа. За себе вели дека сака да слика. 

Но, таа не е единствената која сметка дека алкохолот е клучен за долг живот. Калуѓерката Анда е прогласена за најстарата личност на светот. Има 118 години и како што кажала чаша вино и чоколадо се нејзината тајна. Претходно, стогодишник од Индонезија тврдеше дека трпението е рецептот за долговечност. Многу долговечни луѓе велат дека здравата храна е важна за долг живот. 


Слично

Поврзани вести