Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ИМ НОСЕШЕ КИСЛОРОД, А НЕМАЛ ЗА СЕБЕ: Ова е херојот кој издиша додека им помагаше на заробените момчиња во пештерата

(ВИДЕО) ИМ НОСЕШЕ КИСЛОРОД, А НЕМАЛ ЗА СЕБЕ: Ова е херојот кој издиша додека им помагаше на заробените момчиња во пештерата

Самам Кунан, нуркачот кој учествуваше во акцијата за спасување на децата заробени во пештерата на Тајланд , почина бидејќи остана без воздух под вода.

Кунан , доброволно се пријавил да волонтира и да им помага во спасувањето на 12 момчиња и нивниот тренер, а починал кога се враќал во командниот центар бидејќи доставувал боци со кислород. 

Се работи за поранешен тајландски морнарички нуркач, врвно обучен.

-Во пештерата е тешко. На патот од пештерата тој се удавил. Неговиот колега се обидел да му пружи прва помош но не успеал. Кога го извлековме повторно се обидовме да го спасиме, но не реагираше , а потоа го префрливме во болница“, изјавил командирот на тајландските морнарички фоки Арпак Јуконгку.


Тој додал и дека операцијата на спасување ќе продолжи.

Во акција на спасување на момчињата се вклучени 1000 лица, а меѓу нив се и нуркачи, воен персонал и волонтери.

Претставници рекле и дека загрижува тоа што нивото на кислород во комората на пештерата се намалува, во која се наоѓаат момчињата.

Засега сите се во добра состојба и редовно им се доставува храна и лекови.

Потсетуваме, 12 момчиња и нивниот тренер се наоѓаат скоро 2 недели во пештерата, а спасувачите наведуваа дека водат битка со времето за да ги спасат што поскоро, бидејќи за викендот се најавуваат нови дождови.


Слично

Поврзани вести