(ВИДЕО) Илјадници Германци протестираа против трговскиот договор со САД
Десетици илјади граѓани излегоа на протести во неколку градови во Германија.
Жителите на баварската престолнина Минхен се покажаа најактивни во демонстрациите против договорот за слободна трговија меѓу Европската унија и САД.
23 илјади Германци преминаа на безгрижен протест по улиците на Минхен со барања за прекин на преговорите меѓу претставниците на Европската унија и САД.
Веќе 2 години се дебатира за создавање на единствен економски простор од двете страни на Северниот Атлантик. Тоа ќе ги отстрани сите давачки и такси меѓу 28-те земји меѓу кои се Америка и Канада.
Освен тоа ќе обединат сите стандарди. Иако договорот ќе создаде мост меѓу 300 милионскиот пазар на Америка и 500-милионската Европа, договорот содржи и подводни камења.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/CYGUArCBbhE[/embed]