(ВИДЕО) Илјадници демонстранти во Подгорица, премиерот со авион ја напушти државата
Неколку илјади граѓани и вечерва излегоа на протест во центарот на Подгорица.
Опозиционерите бараат вонредни парламентарни избори, односно премиерот Мило Ѓукановиќ да си поднесе оставка.
Половин час пред почетокот на протестот, премиерот Ѓукановиќ со авион ја напуштил Црна Гора, изјави опозицискиот лидер Андрија Мандиќ.
Револтот кај демонстрантите е голем по вчерашната акција на полицијата која приведе над 15 луѓе и ги урна камповите пред владата.
Опозицискиот лидер апелираше граѓаните да бидат мирни и да нема насилство.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/8cU6WlZJmO8[/embed]
Слично
