Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Илјадници британски туристи го напуштаат Синај

(ВИДЕО) Илјадници британски туристи го напуштаат Синај

Британските власти започнаа операција за организираното повлекување на илјадници свои граѓани од областа на популарното египетско летувалиште Шарм ел Шеик. Причината за запирање на летовите до брегот на Црвеното Море е сомневањето дека несреќата минатата сабота со рускиот патнички авион е предизвикана од бомбашки напад. Несреќата со рускиот „Ербас“ кој се урна 23 минути по полетувањето од Шарм ел Шеик.

Повеќето од од луѓето кои си заминуваат велат дека се задоволни што можат да се повлечат.

„Само што сметам дека сето ова мораше да е малку подобро структурирано. Тогаш ќе беше многу полесно британските граѓани да се вратат дома“, изјавил еден од патниците за „Ројтерс“. „Но, генерално Владата превзеде вистинското решение - да нè извлече постепено од Египет“.

Јавната позиција на Лондон дека најверојатно станува збор за напад на авионот, ги налути Египет и Русија. Египет, кој е силно зависна од приходите од туризмот, не гледа причина за ваквите заклучоци.

Многумина по улиците на Каиро се согласуваат со властите. „Се разбира дека не е бомба“, вели една жена замолена за свое мислење. „Ќе почекаме да ги видиме резултатите од истрагата, бидејќи нашата земја ќе ги објави целосно транспарентно и како што е Бог, се надеваме дека причината нема да е бомба“.

Британскиот амбасадор во Египет, Џон Касен е во Шарм ел Шеик и им помага на туристите.

[embed width="700" height="450" ]http://www.dnevnik.bg/getatt.php?filename=o_2644472.mp4[/embed]
Слично

Поврзани вести