Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Илјадници Палестинци почнаа да се враќаат во своите домови

(ВИДЕО) Илјадници Палестинци почнаа да се враќаат во своите домови

Илјадници раселени Палестинци денеска почнаа да се враќаат од јужниот дел на Појасот Газа кон север, откако израелската војска објави дека е дозволено движење по патиштата Ал-Рашид и Салах ал-Дин.

Израел објави во петокот дека договорот за прекин на огнот стапи на сила денеска во 11 часот. Вчера имаше славење во Израел и во Газа. 

По постигнатиот договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, ЕУ ќе ја обнови мисијата ЕУБАМ на граничниот премин Рафа, кој се очекува да се отвори на 14 октомври. 

Војната почна на 7 октомври во 2023 година, кога палестинската терористичка група Хамас го нападна Израел. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести