Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Илјадници луѓе во Каталонија протестираат против отцепувањето

(ВИДЕО) Илјадници луѓе во Каталонија протестираат против отцепувањето

Околу 300.000 луѓе учествуваат на демонстрациите за поддршка на единството на Каталонија и Шпанија во Барселона, соопштија светските медиуми, повикувајќи се на извори на полицијата.

Во исто време, организаторите на демонстрациите го проценуваат бројот на учесници на 1 милион и 100 илјади луѓе, објави АФП. 

Демонстрантите мавтаат со шпански знамиња и извикуваат "затвор за Пуккемон" и "Да живее Шпанија".

Во саботата централната влада го отстрани од функцијата лидерот на регионот, Карлес Пучдемон и неговата влада, откако пратениците од Каталонија усвоија прогласување независност. Шпанскиот премиер Маријано Рахој го распушти регионалниот парламент и закажа предвремени избори на 21-ви декември.

"Сега, да, ние ќе гласаме", извикуваа учесниците во денешните демонстрации, аплаудирајќи секој пат кога националниот полициски хеликоптер ја поминува толпата. Според организаторите, целта на маршот е да се брани шпанското единство и да се отфрли "невиден напад во историјата на демократијата".


Слично

Поврзани вести