Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ИД објави видео снимка од својот снајперист

(ВИДЕО) ИД објави видео снимка од својот снајперист

Исламската држава го објавила своето видување на „најсмртоносниот снајперист“ , во ново пропагандно видео.

Џихадистите во објаснувањето наведуваат дека ваквата снимка е одговор на холивудскиот филм „Американскиот снајперист“, трае три минути и го покажува снајперистот од прво лице како ги погодува целите во источна Сирија.

Првобитното видео прикажуваше убиства на 12 ривалски борци, но идентитетот на снајперисите не е објавен и неговиот „рекорд“ во убиствата исто така не е познат.

Единствен податок кој џихадистите го објавиле е дека снимката е направена во провинцијата Деир Езор на истокот од Сирија, а наводниот „најсмртоносен снајперист“ пука од руска пушка Драгонов.

Снимката се појавува во моментот кога една од вестите на денот е пресудата на Еди Реј Рут за смртта на најуспешниот снајперист во американската воена историја, Крис Кајл , по чиј живот е снимен филмот „Американски снајперист“.

Слично

Поврзани вести