(ВИДЕО) И утрово пукање во Париз, полицајка им подлегна на повредите!
После пукањето во Париз повредената припадничка на полицијата починала, јавуваат локалните медиуми. Работник на градската служба е во критична состојба. Не е познато дали тој случај е поврзан со нападот на редакцијата „Чарли Ебдо“. Напаѓачот уште е во бегство.
Во предградието во јужниот дел од Париз и денеска се слушнало пукање, а како што јавува Франс прес, напаѓачот кој носел панцир пукал на полицијаците од автоматска пушка, повредувајќи една припадничка на полицијата и еден вработен во градската служба.
Според наводите на тамошните медиуми, кои ги пренесува Раша тудеј, жената полицаец подлегнала на повредите.
Еве ја драматичната снимка од местото на настанот:
Иако медиумите јавиле дека напаѓачот е уапсен, францускиот министерот на полицијата Бернар Казнев кој веднаш се упатил на местото на несреќата, изјавил дека напаѓачот е во бегство.
Уште не се познати сите детали на овој напад, а поедини медиуми пишуваат дека напаѓачот после инцидентот избегал во метро.
Напаѓачот ја отворил вратата кај станицата на метрото „La porte de Chatillon“, јавува француско радио РТЛ.
Тој, според наводите на тоа радио, е од афричко потекло и не одговара на описот на браќата Куачи кои полицијата ги бара поради вчерашниот терористички напад.
Локалната ТВ станица „ITELE“ претходно јавила дека двајца полицајци лежат на земјата после нападот.
