Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) И ПУТИН И ЕРДОГАН ЛАЖАТ: Ова е вистината за соборување на рускиот авион?!

(ВИДЕО) И ПУТИН И ЕРДОГАН ЛАЖАТ: Ова е вистината за соборување на рускиот авион?!

Веднаш по соборувањето на рускиот Су-24 од страна на турските Ф-16 во инцидентот кој се случи минатата недела, руската и турската стрна имаат драстично различни гледања за тој инцидент, но двајца научници покажуваат како ни една нивна верзија не се сложува со познатите факти и закони на физиката.

Турската војска тврди дека авионот го нарушил турскиот возушен простор, и дека 17 секунди биле на територијата на Турција. Според истиот извор, турските пилоти 10 пати предупредиле во рок од 5 минути, на што руските пилоти не одговориле.

Руската страна тврди дека авионот е соборен над сирискиот ваздушен простор, и дека никогаш не навлегол на турска територија.

Двајцата астрофизичари од белгискиот универзитет Ку Леувен ги разгледале наводите и ги споредиле со снимките од несреќата, и тогаш дошле до заклучок дека и двете тврдења се со голема „дупка“.

ajde

Турската верзија тврди дека местото на падот се наоѓа осум километри далеку каде авионот е погоден, што значи дека се движеле со брзина од 980 километри на час. Но со таква бразина би поминале едвај два километра на турската територија во само седум секунди, а не во 17 како што тврди турската војска.

Исто така, ако авионот се движел со таа брзина, за пет минути би поминал 80 километри, што значи дека многу е сомнително тврдењето дека руските авиони „биле предупредувани десет пати во пет минути“. Затоа повеќето од тоа време турските пилоти не можеле со сигурност да знаат дали авионот воопшто ќе влезе на нивна територија.

Слично

Поврзани вести