Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО: “И јас сум Путин“ среде германска Баварија!

ВИДЕО: “И јас сум Путин“ среде германска Баварија!
Протести во Баварија. Повеќе илјади луѓе излегоа на анти глобален митинг против групата Г7. Најмалку едно лице е повредено во судирите со полицијата, а се јавува и за еден загинат. Демонстрантите сметаат дека Путин треба да биде дел од овој глобален самит. Русија беше исклучена од групата по киевските настани. „Овде се случува почетокот на Студената војна бидејќи и двете страни ѕвечкаат со оружје“, сметаат дел од демонстрантите. Самитот на седумте најмоќни економии во светот ќе биде третиот на кој нема да присуствува рускиот претседател Владимир Путин кој е исклучен од поранешниот формат Г8, откако во март 2014 година прозападните сили во Киев го соборија претседателот Виктор Јанукович. Повеќе од 17.000 полицајци ќе го обезбедуваат самитот на челниците седумте индустриски најразвиени земи на светот, САД, Велика Британија, Канада, Италија и Јапонија, кој започнува во недела. На дводневниот состанок, ќе бидат разгледани низа прашања, од сегашната состојба на глобалната економија, тероризмот и сиромаштијата, како и климатските промени. Германската канцеларка Меркел ќе го води состанокот. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=pHJ1Glzt7hs[/embed]
Слично

Поврзани вести