(ВИДЕО И ФОТО) Уште тоа ли требаше - разорна бура го опустоши западот на Индија
Разорната бура Тауктаи, која ги погоди областите долж западниот брег на индискиот потконтинент, започна да слабее денес, објави надлежната метеоролошка служба.
Десетици илјади луѓе беа евакуирани, а бурата искорна дрвја и уништи села и градови во државата Гуџарат.
Ова беше најсилното невреме во последните две децении, проследено со налети на ветер до 210 километри на час, пренесува Ројтерс.
Повеќе од 200.000 луѓе беа евакуирани, а според официјалните извештаи, невремето однесе најмалку 16 животи и остави пустош зад себе, пренесува Танјуг.
Индиската морнарица потврди дека успеала да спаси 146 лица од два товарни брода во водите во близина на Мумбаи, како и дека потрагата по море со авиони и хеликоптери продолжува.
„Наш приоритет е да ги расчистиме патиштата за да можеме да им доставуваме кислород на пациентите со Ковид без пречки“, рече висок службеник во регионот Бавнагар на Гуџарат.
Извор, фото и видео: Нова.рс
