Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО И ФОТО) ОГРОМНА ТРАГЕДИЈА ВО СКИ РИСОРТ ВО ТУРЦИЈА – ХОТЕЛОТ СЕ ЗАПАЛИЛ, ИМА ДЕСЕТТИНА МРТВИ: Во пожарот 32 се повредени

(ВИДЕО И ФОТО) ОГРОМНА ТРАГЕДИЈА ВО СКИ РИСОРТ ВО ТУРЦИЈА – ХОТЕЛОТ СЕ ЗАПАЛИЛ, ИМА ДЕСЕТТИНА МРТВИ: Во пожарот 32 се повредени

Во пожар што синоќа избувна во хотел во ски-центарот Карталкаја во Турција загинаа 10 лица, а 32 се повредени, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Пожарот, кој избувна околу 3:30 часот во хотелот Гранд Картал во Карталкаја, еден од најголемите турски скијачки центри на надморска височина од 2.200 метри, брзо се проширил поради дрвената надворешност на хотелот, јавуваат турските медиуми. На местото на настанот се испратени голем број противпожарни служби и екипи за брза помош.

Според првичните извештаи, објавени од Anadolu Agency, луѓето кои престојувале во хотелот биле веднаш евакуирани поради пожарот. Екипите продолжуваат со гаснење на пожарот од големи размери и спречување негово ширење на шумската површина на ски-центарот. Пожарот во хотелот Гранд Карталкаја бил пријавен во Ургентниот центар во 03.27 часот.

Во изјавата објавена на веб-страницата Икс од страна на гувернерот на Болу, Абдулазиз Ајдин, област на која припаѓа ски-центарот, се наведува дека 85 возила, од кои 30 противпожарни возила и 28 амбулантни возила, и 231 персонал испратен од јавни институции и организации во Болу учествуваа во гаснењето на пожарот и околните провинции.

Гаснењето на пожарот продолжува непречено, а повредените се препратени на лекување во болниците во покраината“, се вели во соопштението. Гувернерот Ајдин за дописникот на Anadolu Agency изјави дека, според првичните информации, пожарот избувнал на првиот кат, во ресторанот на хотелот, околу 03:30 часот.

Гувернерот Ајдин, кој рече дека пожарот се проширил од ресторанот, рече дека две лица загинале во пожарот. „Две лица загинаа кога во паника скокнаа од прозорецот на хотелот.

Едниот бил вработен во хотел, а другиот гостин. Работиме на идентификување на третото лице. Акцијата за гаснење на пожарот продолжува“, изјави Ајдин.

Во моментот на пожарот дванаесеткатницата беше полн речиси 90 отсто, со оглед на тоа што скијачката сезона е во полн ек, што значи дека хотелот имаше повеќе од двесте гости пријавени. Причината за пожарот се уште не е позната.

фото: Х

Слично

Поврзани вести