(ВИДЕО) ХРВАТСКА: Полицаецот ѝ се извини на жената која насилно ја приведе оти поминала на црвено
Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ информира дека началникот на полицијата и полицацот од Осијек ја посетиле и ѝ се извиниле на жената која вчера насилно беше приведена, оти преминала улица на црвено светло.
„Началникот на полициската управа и полицаецот ја посетија дома жената и се извинија. Мое е да ја платам казната, затоа што законот мора да се почитува. “ – рече министерот Остојиќ.
Инаку, 66-годишната жена од Осијек, беше насилно уапсена, откако преминала улица на црвено.
Видео-снимката од нејзиното апсење ги распали социјалните мрежи на кои јавноста остро ја осуди прекумерната употреба на полициска сила.
На почетокот од видеото се гледа дека жената најпрво не застанува на повиците на полицаецот, велејќи дека има доволно приватни проблеми и дека ништо не направила.
Револтиран, полицаецот насилно ја приведува жената, ја легнува на земја и ја врзува со лисици. Потоа повикува и засилување.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=AAwoQBmgZDk[/embed]
