Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ХРВАТСКА: Ја уапсија како на филм, оти помина на црвено

(ВИДЕО) ХРВАТСКА: Ја уапсија како на филм, оти помина на црвено

Жена на шеесет и шестгодишна возраст од Осијек, беше насилно уапсена на улица, откако улицата ја преминала на црвено. Видео-снимката од нејзиното апсење ги распали социјалните мрежи на кои јавноста остро ја осуди прекумерната употреба на полициска сила.

На почетокот од видеото се гледа дека жената најпрво не застанува на повиците на полицаецот, велејќи дека има доволно приватни проблеми и дека ништо не направила.

215488

Револтиран, полицаецот насилно ја приведува жената, ја легнува на земја и ја врзува со лисици. Потоа повикува и засилување.

На местото се собраа случајни минувачи кои реагираа на постапките на полицаецот но, подоцна истите беа евидентирани.

Полицијата од Осијек пак, денеска соопшти употребата на сила врз 66-годишната жена била оправдана.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=3ayLqn90QOQ[/embed]
Слично

Поврзани вести