(ВИДЕО) Хоророт продолжува: ИС објави ново видео на курдски заробеници во кафез
Припадниците на Исламската држава објавиле ново видео во кое прикажуваат 21 заробени припадници на курдските борци.
Како што пишуваат светските медиуми, на снимката најпрво се гледаат Иранчаните во кафез, кои џихадистите ги спроведуваат низ градот Киркук, идентично од снимката од почетокот на февруари.
Во саботата вечерта е објавено видео кое прикажува затвореници во кафези и нивните интервјуа со човек кој држи микрофон со знак на Исламската држава.
Си-Ен-Ен претходно извести, па демантираше, дека џихадистите потоа ги убиле заробениците на ист начин како што неодамна егзекутираа 21 заробеници во Либија.
Видеото е објавено на курдски јазик, со титлови на арапски.
Слично

