(ВИДЕО) ХOРОР: Велосипедист извади огромен нож на возач
Во Лондон на 30 мај е снимено застрашувачко видео со камерата од друг автомобил. Кога автомобилот, излегувајќи од паркинг местото, излетал пред велосипедот и речиси го удрил, велосипедот, избегнувајќи го автомобилот, морал да скокне од велосипедот.
Велосипедистот брзо станува и се залетува кон автомобилот кој во меѓувреме застанал, веројатно затоа што другиот автомобил му го попречувал патот. Велосипедистот тогаш од јакната вади огромен нож.
Бидејќи вратите на автомобилот биле заклучени, велосипедистот почнал да удира со ножот по стаклото на прозорецот, обидувајќи се да го скрши за да може да влезе во автомобилот преку совозачкото седиште. Возачот избегал, а автомобилот го оставил на сред пат.
Лондонската полиција соопшти дека не уапсила никого во врска со овој инцидент, а ги повикува очевидците или оние кои можеби го познаваат велосипедистот со ножот да им се јават.
Слично
