(ВИДЕО) Хорор системот С-400 во акција!
Војниците од централниот воен округ одржаа воена вежба со ракетниот систем С-400 „Триумф“, истиот кој Русија го испрати во Сирија, откако Турција го собори бомбардерот „Су-24“.
Токму тоа оружје му создава голема паника на НАТО а особено на авионите на Турција, кои ги прекинаа летовите во опасната гранична зона.
Вежбата се одржа во Капустин Јар, Астраханска област, а воениот тв канал „Ѕвезда“ прикажа ексклузивни видео снимки. Задачата на ракетното дејствие била сложена - тие мораа да уништат цели под радиолектронско влијание на противникот.
Со две ракети беше успешно уништена реактивна цел 96П696 „Кабала“, соопштија од руското Министерство за одбрана.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/XvuGAGUBJbQ[/embed]
Слично
