Видео: Хорор шоу во Лас Вегас, над 50 убиени и 200 ранети
Незамислив масакр изведе 64 годишен Американец врз насобрана толпа во Лас Вегас која беше дел од концерт пред хотелот Манделеј беј. Според најновите податоци на властите убиени се најмалку 50 луѓе, а ранети се уште 200.

Полициските специјалци на Лас Вегас го убиле напаѓачот Стивен Падок кој пукал во народот од својата соба на 32 спрат на хотелот. Тој е убиен на лице место и полицијата засега нема информации за неговиот мотив за хорор нападот. Се претпоставува дека причините се ментално растројство.
Очевидци кои го преживеале нападот велат дека глетката била страшна, како од хорор филм, насекаде ранети и убиени, луѓето паѓале како покосени од тешките рани со куршуми.
Целата област околу главните хотели во Лас Вегас била блокирана од полицијата, а на гостите им било забрането да ги напуштаат собите поради страв од потенцијален втор напаѓач иако засега нема такви индиции за организиран терор.
Претседателот Доналд Трамп преку Твитер изрази длабоко жалење за жртвите и сочуство до нивните семејства.
