Видео: Хорор и неверување - 35 мртви во Новогодишен напад во Истанбул
Се оствари најголемиот став на турските безбедносни сили дека за Новогодишната ноќ ќе се случи терористички напад. За жал тоа и се оствари, откако вооружени напаѓачи за кои се верува дека биле најмалку двајца упаднале во ноќен клуб облечени како Дедо Мраз и отвориле оган од автоматски пушки.
Во нападот најмалку 35 луѓе се убиени, а околу 40 се повредени на неколку минути по полноќ, информира гувернерот на Истанбул Васип Сахин. Тој изјави дека нападот, кој го опиша како терористички, го извршил еден напаѓач иако има сомнежи дека имало уште еден.
Телевизискиот канал НТВ објави дека голем број полициски и амбулантни возила се пред клубот Реина во областа Бешикташ.
Во клубот, според медиумите, имало меѓу 500 и 800 луѓе за време на нападот. Дел од гостите, според информациите, скокнале во Босфорскиот Канал за да избегаат од пукотниците.
Безбедноста во Истанбул беше засилена поради прославата на Нова Година. Во градот беа распоредени околу 17 илјади полицајци, а претходно во акција на полицијата беа уапсени 8 лица припадници на Даеш кои планирале терористички напади.
