(ВИДЕО) Холандски пратеник пак го кинеше Куранот
Екстремнодесничарскиот холандски политичар и водач на антимуслиманска група ПЕГИДА, Едвин Вагенсвелд, вчера повторно го осквернави Коранот, јавно кинејќи страници од светата муслиманска книга во Амстердам, пренесе „Ал Џазира“.
Лидерот на ПЕГИДА (Патриотски Европејци против исламизацијата на Западот) на социјалните мрежи сподели видео од настанот пред просториите на градот Амстердам. Вагенсвелд во јануари направи сличен потег пред привремената зграда на холандскиот парламент во Хаг додека беше под полициска заштита, но тогаш запали примерок од Коранот, за што денеска покренаа постапка холандските обвинители. Тој повторно го запали Коранот на 13 февруари во Утрехт.
Фото: Твитер / принтскрин
Видеото можете да го видите тука.
