Економија, финансии, бизнис

Контакт

Видео: Херојски спречи вооружен грабеж па крадецот ќе го тужи

Видео: Херојски спречи вооружен грабеж па крадецот ќе го тужи

Крег Џери кого американскиот медиуми побрзаа да го прогласат за херој спречувајќи вооружен грабеж во кафетерија во Фресно, Калифорнија може да заврши со контра тужба од крадецот.

Млафиот Рајан Флорес влегол во кафетиријата со маска и вооружен со пиштол и нож побарал да му ја испразнат касата. Во тој момент влетал 58 годишниот Џери и најпрво со метален стол го удрил од зад грб. Меѓу двајцата започнала физичка пресметка откако крадецот замавнал со ножот и го расекол Џери по вратот. Потоа храбриот муштерија продолжил да се бори со Флорес, му го одзел ножот и му нанел десетина помали убодни рани. 

Токму поради преголемата употреба на сила одбраната на Флорес размислува да покрене тужба против „херојот“ Џери иако тоа нема да го спаси од казна за извршената тешка кражба со оружје која според американските закони може да му донесе и до 20 години во затвор. 



Слично

Поврзани вести