Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ХЕРОЈОТ ПРОТЕО СПАСИ НЕКОЛКУ ЖИВОТИ ВО ТУРЦИЈА, НО ГО ЗАГУБИ СВОЈОТ: Германскиот овчар загина меѓу урнатините

(ВИДЕО) ХЕРОЈОТ ПРОТЕО СПАСИ НЕКОЛКУ ЖИВОТИ ВО ТУРЦИЈА, НО ГО ЗАГУБИ СВОЈОТ: Германскиот овчар загина меѓу урнатините

Храбриот Протео, германскиот овчар кој беше дел од мексиканскиот спасувачки тим во Турција, загина спасувајќи човечки животи. За неговата смрт ја објави државниот секретар за одбрана на Мексико.

„Ти благодариме Протео за херојската работа, ја исполнивте кучешката мисија на мексиканската армија“, се вели во твитот на државниот секретар за одбрана на Мексико.

Протео, беше едно од десетте кучиња испратени од земјата во Турција за да помогне во напорите за пребарување и спасување на жртвите од земјотресот.

Пред да го загуби неговиот живот, Протео спасил двајца луѓе, а во потрагата по уште, за време на работата меѓу урнатините, купишта бетонски остатоци паднале врз него.

Неговиот дресер Виледа објави:

„Твојата храборст немаше граници. За жал, нема да се вратиш со мене. Ќе се видиме повторно еден ден“.

Мексиканскиот спасувачки тим се враќа со останатите храбри четириножни херои: Тардио, Киара, Теологија, Тимба, Барато, Територио, Баланцео, Бурета и Биосфера. 



Слично

Поврзани вести