ВИДЕО: Хеликоптер лета над трговскиот во Минхен – граѓаните да останат дома
Истрели се слушнаа во најголемиот трговски центар во Минхен, Германија, при што медиумите пишуваат дека има 15 мртви.
Над трговскиот центар лета хеликоптер на полицијата.
Иако пукањето во трговскиот центар заврши, полицијата ги советува сите да останат во своите домови, соопштува CNN.
Според британскиот Индипендент огнот е резултат на големата полициска операција во градот.
Британскиот Мирор пишува дека во трговскиот центар има вооружен маж кој уште не е фатен од полицијата.
Новински агенции тврдат дека напаѓачот е еден и дека пукал неселективно во кафуле, а потоа и во подземниот паркинг.
Властите одбиваат да откријат детали за случувањата.
[embed width="700" height="450" ]http://twitter.com/Majd_Khalifeh/status/756547332590698497[/embed]
Слично
