Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Хаотични сцени од опожарената болница во Ирак: 82 пациенти починаа, стотици повредени

(ВИДЕО) Хаотични сцени од опожарената болница во Ирак: 82 пациенти починаа, стотици повредени


Најмалку 82 лица загинаа во пожарот што избувна во болницата Ибн ал-Хатиб во Багдад, главниот град на Ирак. Уште 110 лица се повредени, потврди портпаролот на ирачкото Министерство за внатрешни работи, Калед Ал-Мухан.

Пожарот уследи по експлозија на шишиња со кислород, потврдија за Би-Би-Си портпаролите на болницата.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат хаотична сцена додека пожарникарите се борат да го изгаснат пожарот, а здравствените работници спасуваат пациенти. Луѓето од целиот Ирак се лекуваа во оваа болница, а голем број од нив беа заразени со коронавирус.

„Екипите за цивилна заштита се уште се на терен и ги истражуваат причините за пожарот“, се вели во соопштението издадено утрово од ирачкото Министерство за здравство, пренесува Кликс.ба.

Здравствените работници и тимовите за цивилна заштита успеаја да спасат најмалку 200 лица, а точниот број на мртви и повредени ќе биде објавен наскоро.

Премиерот Мустафа ал-Кадими пожарот го нарече злосторство и инсистираше на тоа дека сторителите мора да одговараат.

„Почнав истрага и се испрашуваа директорот на болницата, шефот на обезбедувањето и сите други кои се осомничени додека не се утврди кој е виновен“, напиша тој во изјавата. Тој додаде дека наредил резултатите од истрагата да бидат објавени во рок од 24 часа. Тој прогласи ден на жалост.





Фото: EPA-EFE/MURTAJA LATEEF 


Слично

Поврзани вести