(ВИДЕО) ХАОС ВО ПРИШТИНА: Полицијата се судри со демонстрантите, 17 лица повредени
Над седумнаесет полицајци се повредени, а двајца се во тешка состојба, откако демонстрантите се судрија со полицијата на улиците во Приштина.
Демонстрантите фрлале со молотов коктел и црвена фарба по штитовите на полицијата, а таа им возвратила со солзавец.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/Nq-wwigRMhY[/embed]Како што соопшти косовската полиција, меѓу повредените има и еден демонстрант, а двајца се приведени.
Пред тоа, во Собранието, опозицијата ја бојкотираше седницата, фрлајќи со солзавец и бибер по министрите.
Тие се противат на договорот со кој на Српските заедници на Косово им се даваат поголеми овластувања.
Слично
