(ВИДЕО) ХАОС ВО МОСКВА: Гори цела зграда на Министерството за одбрана!
Руското Министерство за вонредни ситуации испратило повеќе од 250 лица како би го изгасиле пожарот во зградата на Министерството за одбрана во Москва кој е локализиран, а потоа се раширил и ги зафатил сите катови.
„Сега на лице место се 253 луѓе, 72 возила, вклучувајќи 17 подвижни мердевини, а тоа ќе биде додатно зголемено. Нема податоци за жртви“, соопштено е од руската прес служба.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/Segozavr/status/716551032017457153?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Огнот пред пладен избил на третиот кат на петкатницата во Знамнјки и се проширил на 50 квадратни метри.
Вработените се евакуирани и пожарот е локализиран, но очигледно не е добро бидејќи тој се раширил на сите пет катови на зградата.
Слично
