(ВИДЕО) ХАОС ВО ИЗРАЕЛ: Напаѓачи со нож избодија цивили на улица
Критична е состојбата во Израел, каде изминативе неколку дена се зголемени нападите врз цивилното израелско население.
Најмалку тројца Израелци се убиени, а 20 се повредени во пукања и напади со нож во централен Ерусалим, откако двајца напаѓачи избодиле со нож патници во автобус.
Во последново деноноќие се почести се и нападите со нож врз цивили Израелци, соопшти тамошната полиција, пренесуваат медиумите од светот.
Денеска е објавено видео од надзорна камера на кое може да се види како маж вооружен со нож, со својот автомобил прегази неколкумина на автобуска постојка, а потоа излезе од својот автомобил и со нож се обиде да ги убие жртвите. Видеото го објави израелската армија (IDF) која тврди дека мажот е Палестинец.
Палетинското движење Хамас, под чија контрола е појасот Газа, ги поздрави “херојските акции во Ерусалим и хероите кои ги извршија“.
