Економија, финансии, бизнис

Контакт

(Видео) ХАОС ВО ИСТАНБУЛ: Ердоган посегна по уште еден критички медиум, Tурците не му даваат

(Видео) ХАОС ВО ИСТАНБУЛ: Ердоган посегна по уште еден критички медиум, Tурците не му даваат

Голем број револтирани Турци денеска ги преплавија улиците во центарот на Истанбул и порачаа дека нема да дозволат уште еден критички весник да оди во рацете на претседател Реџеп Таип Ердоган.

Полицијата со водени топови и солзавец ги растеруваше неколкуте илјади демонстранти кои излегоа на протест, откако  властите донесоа одлука за преземање на контрола врз критичкиот весник „Заман.”

Turkey media 28102015

Демонстрантите се обидоа и да ја спречат полицијата да влезе во зградата на весникот, но не успеаа.

Турските власти  презедоа контрола врз весникот, кој го поддржува влијателниот противник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, Фетулах Ѓулен, кој се наоѓа во САД.

3342288a-4921-4ced-9392-7faf97b5c81b

Ердоган го обвинува Гулен дека создал "паралелна држава" чија што цел е да го урне Ердоган од власт додека Гулен и неговите поддржувачи ова го остро го демантираат.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/bIxPNCemUHY[/embed]

Слично

Поврзани вести