(ВИДЕО) ХАОС ВО ХОНГ КОНГ: Полицијата тепа и растерува демонстранти со солзавец!
Од раните утрински часови демонстрантите во Хонг Конг се судрија со полицијата, која се обиде да ги отстрани нивните блокади со шатори од улиците.
Полицајците ги нападнале емонстрантите со солзавец, а потоа ги врзувале и ги шутирале.
Ова е најголем судир на демонстрантите со полицијата од почетокот на протестите „Окупирај го центарот“. Полицајците започнале операција за расчистување на барикадите во близина на седиштето на владата. Демонстрантите се спротивставиле, а во бруталната полициска акција биле уапсени 37 мажи и осум жени.
„Полицијата на Хонг Конг полуде! Можат да казнат секој како ќе им текне! Ги уништија сите вредности и закони на Хонг Конг“, вели Ли Чеугјен, еден од водачите на протрестите.
Во интервенцијата биле повредени и четворица полицајци.
http://www.youtube.com/watch?v=LvsrEF3gp-U
Слично
