Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ХАОС ВО ГЕРМАНИЈА: Улиците се под вода, спасуваат луѓе заглавени во автомобилите

(ВИДЕО) ХАОС ВО ГЕРМАНИЈА: Улиците се под вода, спасуваат луѓе заглавени во автомобилите

Поплави ја зафатија Германија. 

Големата количина дожд во делови од Германија предизвика поплави. Дождот доведе до откажување на десетици летови на аеродромот во Франкфурт, најфреквентниот аеродром во земјата и главен европски центар.

Аеродромот објави дека големи количества вода се акумулирала на пистата во средата навечер и дека „операциите“ биле прекинати повеќе од два часа, објави германската новинска агенција ДПА. Веб-страницата на аеродромот покажа дека околу 70 летови биле откажани до 23 часот, додека 23 летови за Франкфурт се пренасочени кон други аеродроми.

Во Гелзенкирхен, во западниот округ Рур, противпожарната служба соопшти дека луѓето се спасуваат од нивните автомобили, каде што неколку подвозници на автопати се под вода.

Неодамна имаше катастрофални поплави во Словенија, каде загинаа 6 луѓе. 


Слично

Поврзани вести