(ВИДЕО) ХАОС НА РУСКОТО НЕБО: Исчезна моќната ракета на Путин!
Руската ракета од типот Протон-М, која го носела мексичкиот комуникационен систем, најверојатно исчезнала неколку минути по лансирањето.
Процесот на лансирање не е изведен според планот бидејќи телеметрискиот систем за водство престанал да функционира, наведуваат руските медиуми додавајќи дека телеметријата откажала само минута пред да сателитот MeksSat-1 требало да биде поставен во орбитата, а претставници на агенцијата Роскосмос се обидуваат да востановат што навистина се случило.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/NKRT2BRN2HM[/embed]-Не знаеме за што се работи, но веројатно отпаѓањето на третиот дел од ракетата не протекло по планот - навел неименува извор од руската вселенска агенција.
Според друг извор контролата над летот на ракетата е изгубена 498 секунди по лансирањето.
-Според првите информации, третиот дел од ракетата и мексичкиот сателит веројатно паднале во рускиот регион Чита. Министерството за вонредни состојби е предупредено - наведува извор од агенцијата Интерфакс.
MeksSat-1, сателит тежок 5,4 тона, го произвел Боинг сетлајт систем, по налог на мексичката влада.
Инаку, сателитот требало да биде пратен во орбитата на 29 април, но тоа е одложено на барање на компанијата Боинг сетлајт систем.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/Qy5V8KzQcKU[/embed]
