Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Хамас објави видео од заложници, едниот од нив има потекло од Србија

(ВИДЕО) Хамас објави видео од заложници, едниот од нив има потекло од Србија

Палестинската терористичка група Хамас објави видео во кое се прикажуваат двајца заложници кои се возат низ Газа.

На снимката се гледа Гујa Гилбоа-Далал во автомобил на повеќе локации во Газа, меѓу кои и седиштето на Црвената полумесечина. Видеото, кое најверојатно е снимено минатата недела, прикажува оштетени згради додека автомобилот се движи низ градот.

Си-Ен-Ен потврди дека материјалот е навистина од Газа. На крајот од видеото се појавува и вториот заложник – 22-годишниот Алон Охел, кој седи до Гилбоа-Далал. Охел има потекло од Србија – неговото семејство е од Нови Сад, а тој е роден во Израел. Двајцата на снимката се гушкаат и изгледаат изненадени што се среќаваат. 

Ова е едно од ретките видеа со заложници снимено на отворено. Гилбоа-Далал наведува дека видеото е направено на 28 август и дека е заложник на Хамас веќе 22 месеци. Снимката беше објавена на 700-от ден од војната, во момент кога во Израел се одржуваа протести со барања за примирје и ослободување на заробените лица.

Гилбоа-Далал ги повикува Израелците да протестираат против владата и да бараат крај на војната за да се вратат останатите заробени лица, од кои 20 сè уште се сметаат за живи.

На 7 октомври во 2023 година, Хамас го нападна Израел со што почна војната. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести