Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ХАМАС ОБЈАВИ СНИМКА ОД ТРИ ЗАЛОЖНИЧКИ: Tие го напаѓаат Нетанјаху и бараат да ги пушти затворениците на Хамас

(ВИДЕО) ХАМАС ОБЈАВИ СНИМКА ОД ТРИ ЗАЛОЖНИЧКИ: Tие го напаѓаат Нетанјаху и бараат да ги пушти затворениците на Хамас

Палестинската терористичка група Хамас објави снимка од три заложнички кои се во Појасот Газа и кои го обвинуваат израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. 

Не се знае ништо за условите под кои е снимено видеото, но се чини дека трите жени кои се гледаат на видеото се во добра здравствена состојба без очигледни знаци на повреда.

Една жена зборува пред камерата, обвинувајќи го израелскиот премиер за масакрот на 7.октомври и повикувајќи го да пушти затворениците на Хамас, во замена за ослободување на заложниците. „Тајмс оф Израел“ пишува дека трите Израелки се идентификувани како Даниел Алони, Римон Кирхст и Јелена Трупаноб. Порталот пишува дека нивните изјави на снимката „речиси сигурно ги составил Хамас“.

Нетанјаху го осуди објавувањето на видеото со трите киднапирани Израелки како „сурова психолошка пропаганда“ на Хамас. 

„Нашето срце е со вас и со другите заложници. Правиме сѐ што можеме за да ги вратиме сите киднапирани и исчезнати дома“, рече Нетанјаху.

Израелските одбранбени сили и безбедносната агенција Шин Бет соопштија дека војник кој бил заробен е спасен од Појасот Газа ноќеска.  Се смета дека над 200 заложници има во Газа. Израел соопшти нема да се согласи на прекин на огнот, бидејќи тоа би било еквивалентно на предавање на Хамас и тероризмот. 


Слично

Поврзани вести