Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ХАМАС ЛАНСИРА РАКЕТИ ОД ЏАМИИ: Израел објави видеа

(ВИДЕО) ХАМАС ЛАНСИРА РАКЕТИ ОД ЏАМИИ:  Израел објави видеа

Израел тврди дека палестинската терористичка група Хамас лансира ракети од џамии и игралишта.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) на социјалните мрежи објавија неколку видеа од Газа, на кои, како што тврдат, се гледа како Хамас го чува оружјето на места каде си играат деца. Војниците пронашле четири ракетни фрлачи на пет метри од детски базен и на околу 30 метри од станбени куќи во северниот дел на Појасот Газа, според The ​​Times of Israel. Друго видео покажува искористен ракетен фрлач кој користел струја од џамија. ИДФ објави дека од почетокот на копнената офанзива во Појасот Газа, пред една недела, погодиле повеќе од 2.500 цели: копнени, воздушни и поморски.


„Израел ќе има целосна одговорност за безбедноста во Газа на неодредено време по завршувањето на војната со Хамас“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за ABC News.

Израелската армија денеска објави кратко видео каде се прикажани стотици жители на Појасот Газа, некои со кренати раце, а некои со бели знамиња, как одат кон јужниот дел на палестинската енклава преку Салах ал-Дин, објави „Times of Israel“.

Хамас на 7- ми октомври почна со напади на Израел.


Слично

Поврзани вести