Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Хаг бара негово апсење, а Путин се шета на Крим

(ВИДЕО) Хаг бара негово апсење, а Путин се шета на Крим

Рускиот претседател Владимир Путин, за кого судот во Хаг вчера издаде налог за апсење за воени злосторства во Украина, денеска се шеташе на Крим. 

Тој пристигна на Крим на годишнината од повторното обединување на полуостровот со Русија, објави РИА Новости. Рускиот претседател беше во Севастопол на отворањето на уметничкото училиште и центарот Корсуњ во Херсонез.

Крим и Севастопол ја слават деветгодишнината од приклучувањето кон Русија. Тие станаа руски региони на 18 март 2014 година на референдум, кој се одржа по државниот удар во Украина.

Украина го смета полуостровот за привремено окупирана територија, а Западот е со ист став. 

„Oправдан e налогот на Меѓународниот кривичен суд во Хаг за апсење на рускиот претседател Владимир Путин поради сомнежи за извршени воени злосторства во Украина“, изјави американскиот претседател Џо Бајден.

Обвинителот на Хашкиот трибунал, Карим Ахмад Кан, изјави за Би-Би-Си дека депортацијата на украинските деца во Русија е нехумана и дека Русија можела да преземе други мерки за заштита на децата, доколку тoa била намерата. 

Слично

Поврзани вести