(ВИДЕО) Грузиските пратеници се тепаа поради закон по руски модел
Тепачка имаше во Парламентот во Грузија.
Пратениците со тупаници и клоци вчера ги решаваа недоразбирањата на расправата на парламентарната комисија за законот за регулирање на „странските агенти“, за кој критичарите велат дека е направен по модел на руски закон. Владејачкиот блок „Грузиски сон“ минатиот месец објави дека го поддржува законот, кој сè уште треба да помине други фази на одобрување.
Се работи за нацрт-закон кој личи на рускиот од 2012 година и предвидува дека сите организации кои над 20 отсто од својот буџет го добиваат од странство, треба да се регистрираат како „странски агенти“ и да подлежат на мониторинг од Министерството за правда. Тепачки досега имало во Парламентите во Турција, Украина, Боливија, Чешка, Косово и други земји. фото Твитер
