(ВИДЕО) Грузијка гордо го вее знамето на ЕУ додека во неа удира млазот од воден топ
Жена во Грузија го вее знамето на ЕУ, додека млазот од воден топ удира во неа. Видеото стана вирално.
Грузијците вчера и денеска излегоа на улиците поради контроверзниот предлог-закон кој критичарите го опишуваат како напад врз граѓанското општество и независните медиуми. Протести има во Тбилиси и во други градови. Ника Мелија од Обединетото национално движење повика на протести секој ден додека не победат.
Грузиската полиција приведе 66 демонстранти во близина на парламентот во Тбилиси за време на митинг на кој се собраа противници на законот за „странски агенти“, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Законот, поддржан од владејачката партија Грузиски сон, ќе бара од сите организации кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство да се регистрираат како „странски агенти“ или ќе платат високи казни.
Рускиот претседател Владимир Путин прогласи десетици организации посветени на демократијата за „странски агенти“.
