Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ГРУЗИЈА Е НА НОЗЕ: Децата на загинатите бранители велат НЕ за Русија

(ВИДЕО) ГРУЗИЈА Е НА НОЗЕ: Децата на загинатите бранители велат НЕ за Русија

Илјадници демонстранти се судрија со полицијата во Грузија и велат дека не сакаат повторно да бидат дел од Русија. 

Тие фрлаа молотови коктели и камења врз полицијата откако парламентот ја даде својата првична поддршка за нацрт-законот за „странски агенти“ за кој критичарите велат дека е чекор кон авторитаризам. Полицијата во центарот на главниот град Тбилиси употреби водени топови и солзавец за да се обиде да растера илјадници демонстранти. Луѓето се плашат дека нацрт-законот може да штети на надежните на земјата за членство во Европската унија.


Грузиската претседателка Саломе Зурабишвили, која сака да стави вето на нацрт-законот рече дека е на страната на демонстрантите. 


„Вие ја претставувате слободна Грузија, Грузија која својата иднина ја гледа на Запад и нема да дозволи некој да ви ја одземе таа иднина“, рече таа.

Претседателката вели дека овој закон не му треба никому, а тие кои гласале за него го прекршиле Уставот. 

Законот, поддржан од владејачката партија Грузиски сон, ќе бара од сите организации кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство да се регистрираат како „странски агенти“ или ќе се соочат со високи казни. Критичарите велат дека тоа потсетува на законот од 2012 година во Русија кој оттогаш се користи за сузбивање на неистомисленици.

Децата на загинате грузиски бранители кои загинаа кога Русија изврши инвазија на делови од Грузија, велат дека не сакаат закони како во Русија. „Ние Грузијците велиме НЕ на Русија“, порачаа луѓето од протестот.

foto Twitter

Слично

Поврзани вести