(ВИДЕО) Гром погоди работник, едно лице исчезна, делови од Франција се под вода
Затворени училишта, поплавени и блокирани патишта и пруги. Ова е сликата на Франција по силното невреме кое ја зафати.
Едно лице исчезнало вечерта, а еден работник го погодил гром, објави префектурата Ним. Автопатот меѓу Ним и Монпелје е привремено затворен, а железничкиот сообраќај меѓу двата града е отежнат.
Во областа Гард, сите училишта кои биле најпогодени вчера ќе бидат затворени. 900 пожарникари и работници за цивилна заштита се распоредени во регионот.
И во јуни годинава имаше невреме во Франција.
Слично
