Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) „Гринпис“ предупреди – „Токсични чудовишта“ во облеката за деца!

(ВИДЕО) „Гринпис“ предупреди – „Токсични чудовишта“ во облеката за деца!
Опасни токсични хемикалии во облеката за деца, пронашла невладината организација која се бори за заштита на животната средина „Гринпис“. Активисти на оваа организација испитале 82 парчиња детска облека од 12 познати бренда во 25 земји во светот. Истражувањата покажале присуство на отровни хемикалии, иако во мали количества. Сепак, од организацијата им препорачуваа внимателност на родителите кога купуваат облека за своите деца, затоа што децата се почувствителни на хемикалиите во облеката. Меѓу петте најчести отрови во детската облека се следните: - Фталати - или естери на фталатната киселина, која се користи како вештачки омекнувач. Најголема концентрација на фталати била пронајдена на облека на која има испечатени апликации. Тие се познати како соединенија кои ја нарушуваат хормонската рамнотежа, влијаат на плодноста и го зголемуваат ризикот од вродени аномалии и ризикот од рак на дојката. - НПЕ - нонилфенол етоксилати се тензиди со кои се пере облеката по процесот на боење. Исто така можат да ја нарушат хормонската рамнотежа. Не се биолошки разградливи и можат да се наталожат во ткивата на жив организам. Екстремно се отровни за организмите кои живеат во вода. - ПФЦ - перфлуорирани и полифлуорирани хемикалии со кои се обработува текстилот за да стане водоотпорен. Најчесто можат да се најдат во кабаниците за дожд или во обувките, но „Гринпис“ пронашол значително количество и во костимите за капење. Се уште не се познати сите негативни ефекти од оваа хемикалија, но борците за заштита на живоотната средина се сомневаат дека таа може да го зголемува ризикот од рак и бубрежни заболувања. - Органометални соединенија - тие се користат пред се како биоцид во памучната облека. Уништуваат бактерии и габи и го штитат текстилот за време на долгиот транспорт од местото на производство во земјите во кои облеката се продава. - Антимон - овој хемиски елемент се користи како катализатор во производството на полиестер. Во поголеми концентрации може да биде отровен. Концентрацијата на антимон, која „Гринпис“ ја пронајде во детската облека не е опасен за луѓето, но хемичарите сметаат дека сепак може да биде штетен за животната средина во процесот на производство и откако употребуваната облека ќе заврши во ѓубре. Познати светски брендови за производство на облека се најдоа на листата за која алармира „Гринпис“, а некои од нив се продаваат и на рафтовите во Македонија. Производителите демантираат дека хемикалиите во облеката се штетни за здравјето на децата, но сепак се обврзуваат во иднина да ги намалат нивните концентрации. За кои брендови на облека се работи, повеќе во видеото: http://www.youtube.com/watch?v=c-YQ9qCYulc
Слично

Поврзани вести