Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Граната им помина над глава на новинари во Нагорно - Карабах

(ВИДЕО) Граната им помина над глава на новинари во Нагорно - Карабах

Граната им помина над глава на новинари во регионот Нагорно - Карабах, каде ерменските и азербјеџанските сили војуваат од 27 септември. 

Новинарска екипа на „Euronews” за малку ќе настрадаше додека известуваше од Нагорно-Карабах на Кавказот.

Над возилото во кое беа новинарите прелета граната испукана од ерменските позиции. Новинарите не се повредени, а нивниот џип претрпел мали оштетувања. 

Досега во регионот загинале повеќе од илјада војници.

Во војната се вклучи и сопругата на ерменскиот премиер, Ана Хакобјан. 


Слично

Поврзани вести