Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Граѓаните да се префрлат на горните катови на зградите - поплави во Италија

(ВИДЕО) Граѓаните да се префрлат на горните катови на зградите - поплави во Италија

Поради поплавите во Италија се eвакуирани околу 900 луѓе. 

Повеќе од 500 луѓе се евакуирани во областа Равена, а 200 во Болоња, јавува АНСА. Околу 900 доброволци за цивилна заштита помагаат во итни случаи. Железничкиот оператор РФИ објави дека поради екстремни временски услови мора да бидат прекинати услугите на линиите Болоња-Римини, Форли-Римини, Ферара-Римини и Равена-Римини. Во регионот Марке, поплави има во градот Пезаро, додека властите на Сенигалија апелираа до граѓаните околу реката Миса да се префрлат на горните катови на зградите. Во Емилија Ромања на почетокот на месецот при невреме загинаа двајца луѓе. Лани есента имаше поплави во Италија кои однесоа човечки жртви. На Балканот поплави има во делови на Хрватска и БиХ. 


Слично

Поврзани вести