Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Град со големина на тениско топче ги избрка од плажа!

(ВИДЕО) Град со големина на тениско топче ги избрка од плажа!
Седумнаесет лица побарале лекарска помош во рускиот град Новосибирск заради повредите предизвикани од силниот град со големина на тениско топче. Силното невреме со град ги изненади жителите на Новосибирск, главен град на истоимената област во Русија. Особено затоа што попладнево температурите таму достигнале исклучително високи 38 степени Целзиусови, заради што многумина се упатиле на плажа за да се разладат. Но, веднаш потоа настапил ладен фронт со бура, силен ветер и град. Градот направил огромна штета на земјоделските култури и автомобилите, а за време на невремето во колапс бил сообраќајот по патиштата. Сепак, најлошо поминале оние кои се затекнале на плажа и немале каде да се скријат од невремето. Повеќе погледнете од видеото: http://www.youtube.com/watch?v=idjyusDUGSc#t=62  
Слично

Поврзани вести