Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ГРАД НА ДУХОВИТЕ: Италијанците го напуштиле пред 36 години и никогаш веќе не се вратиле!

(ВИДЕО) ГРАД НА ДУХОВИТЕ: Италијанците го напуштиле пред 36 години и никогаш веќе не се вратиле!

Во италијанскиот град Апиче повеќе од три децении улиците се празни, а зградите пусти и оставени да се распаѓаат. Имено, илјадници жители кои живееле во ова романтично италијанско градче после катастрофалниот земјотрес во 1980 година го напуштиле својот град и повеќе никогаш не се вратиле.


Апиче е сместен во регионот Беневенто и е изграден во време на златната доба на Рим, а датира уште од осмиот век. 

Ова некогаш питорескно место оддалечно 13 километри од Беневенто и на 701 км североисточно од Наполи, денес е град на духовите.


Кога пред 36 години го погодил силен земјотрес во кој загинале 2500 граѓани а повредени се над илјада луѓе, тие во страв од нови потреси ги напуштиле своите домови и град.

Меѓутоа, никогаш веќе никој не се вратил во Апиче, во кој и ден денес се е онака како што било оставено.

Куќите и улиците израснале во треви, а во домовите останал мебелот и садовите кои паднале на под од потресот.


Слично

Поврзани вести