(ВИДЕО) Гори зградата на руската тајна служба во Ростов, има и жртви
Голем пожар изби во зградата на руската Федерална служба за безбедност во Ростов. Meдиумите јавуваат дека има и жртви.
Киев пост пишува дека едно лице загинало во пожарот во зградата на ФСБ, а две други се повредени.
Гувернерот на Ростов, Василиј Голубев изјави дека пожарот веројатно настанал од електричен краток спој.
Ростов е на околу 120 километри од границата со Украина, а на првите снимки од тој град се гледа голем пламен кој ја зафатил зградата на руската тајна служба. Возила на итната помош се на местото на настанот. На социјалните мрежи луѓето споделуваат видеа од пожарот.
foto EPA
Слично
