(ВИДЕО) Гори во Ријад: Саудијците соборија ирански ракети
Небото над Ријад е во пламен, откако Саудијците соборија ирански ракети.
Тензиите на Блискиот Исток достигнаа нова критична точка откако противвоздушната одбрана на Саудиска Арабија пресретна серија ирански ракети истрелани кон главниот град Ријад. На социјалните мрежи се појавија бројни видеоснимки на кои се гледаат експлозии на небото и моментот кога саудиските системи за одбрана ги неутрализираат проектилите пред да погодат населени подрачја.
Спасувачките служби се на терен за да ја утврдат материјалната штета, а засега нема информации за жртви.
На 28 минатиот месец, САД и Израел го нападнаа Иран и војната уште трае. Иран се одмазува на сојузниците на САД во регионот.
фото принтскрин X
BREAKING: Iranian missiles have struck multiple points in Riyadh, Saudi Arabia. pic.twitter.com/QniAO2PPDE
— Clash Report (@clashreport) March 18, 2026
