(ВИДЕО) Гори во Каиро: Нереди поради ослободителната пресуда на Мубарак
Повеќе десетици луѓе се собрале денеска на централниот плоштад во Каиро, во знак на протест поради одлуката на египетскиот суд да ја отфрли тужбата против поранешниот претседател Хосни Мобарак поради погубување на демонстранти во 2011 година.
Од друга страна, одлуката на судот воодушевено ја дочекале Мубараковите следбеници, кои тврдат дека три децении неговото владеење било успешно и стабилно.
Египетскиот суд ја отфрлил тужбата на Мубарак поради убивање на демонстранти за време на протестот во 2011 кога е исфрлен од власт.
Судот исто така, го ослободил Мубарак од тужбата за корупција за извозот на гас во Израел, но тој ќе остане зад решетки затоа што служи тригодишна казна затвор поради друг одделен случај.
Во текот на протестите во кои е соборен Мубарак се убиени околу 800 лица. Демонстрантите во текот на 18 дена протести се судриле со полицијата ширум земјата и ги палеле полициските станици.
