Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ГОРИ ВО ИЗМИР: Еден човек загина

(ВИДЕО) ГОРИ ВО ИЗМИР: Еден човек загина

Еден загинат има во големите пожари во околината на Измир, а најстрашно е во летувалиштето Чешме. 

„Силните ветрови го отежнуваат гаснењето на пожарите во Измир“, соопшти Управата за шумарство на X.

Жителите на најмалку пет области во близина на пожарите, кои горат источно и западно од градот Измир, во близина на одморалиштето Чешме, се евакуирани.

Гувернерот на Измир, Сулејман Елбан, изјави, повикувајќи се на сведоци и техничари, дека пожарот можеби е предизвикан од електричен кабел во многу сува земјоделска област.

Стотици пожари избувнаа од петокот навечер во Турција во топли и суви услови, потпомогнати од ветерот. Во понеделник, 50.000 луѓе беа евакуирани во областите Измир и Хатај.

Пожари има и во Грција. 


Слично

Поврзани вести